46-годишниот меѓународно реномиран актер, Љуран Ахмети ја изгуби борбата со корона вирусот. Љуран беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии.
Од 1998 година, тој играше во европскиот филм „Куклена претстава“ како и едни од главните улоги во сериите “Kurtlar Vadisi – Pusu”, “Mutlu Ol Yeter”, “Guzel Gunler”, “Son Yaz Balkanlar”, “Bahar Dallari”, “Limonata” …
Ахмети со години беше составен дел на Народниот театар во Скопје.