Актерот Драган Спасов – Дац, музичарот Александар Митевски и ликовниот уметник Живко Поповски – Цветин се кумовите и здравичарот за Бадник 2022 година. Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје” денеска на прес-конференција го претстави уметничкото трио кое ќе ја предводи прославата која традиционално се одржува 29 години.
Сплотеноста, енергијата и љубовта од организаторите, нагласи новиот кум Драган Спасов – Дац, му претставувале посебен поттик да продолжи да работи со нив и порача дека му е задоволство што токму тие се предложени да бидат кумови.