Со мала, приватна церемонија со роднини кои учествуваа на погребот преку апликацијата „Зум“, во четвртокот наутро на гробиштата во Хиоливуд, по повеќе од 2 години од неговата смрт е погребан актерот Бурт Рејнолдс, пишува „The Associated Press“.
„Привремениот споменик на кој пишува само „Бурт Рејнолдс“ ќе биде заменет со бронзена или камена биста, со надеж дека ќе биде откриена и отворена за јавноста во септември на третата годишнина од неговата смрт“, изјави претседателот на „Hollywood Forever“.
По церемонијата, гробот беше опсипан со цвеќиња, а како што пишуваат странските медиуми се појавил и еден обожавател со мал „Trans Am“ – автомобилот што стана синоним за Рејнолдс од филмовите „Smokey and the Bandit“ кој го поставил на неговиот гроб.
Ренолдс беше една од најголемите ѕвезди во Холивуд во 70-тите и 80-тите години на минатиот век. Тој глумеше во многу филмови меѓу кои „Deliverance“, „Gator“ и „Boogie Nights“ за кои беше номиниран за Оскар.
Рејнолдс почина на 82 години на 6 септември 2018 година во Флорида. Неколку дена подоцна беше кремиран.
Но за јавноста останува нејасно зошто не беше погребан повеќе од 2 години.
Рејнолд почива во гробиштата во Холивуд основани во 1899 година и лоцирани во близина на „Paramount Pictures“ кои денес се историска знаменитост и културен центар во Лос Анџелес, дом на