Легендарната југословенска актерка Светлана Цеца Бојковиќ, која многумина ја паметат по бројните улоги во филмови и серии, заврши во болница поради компликации од коронавирусот.

Актерката во средата беше сместена во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, таа е позитивна на ковид-19, има пневмонија, но е стабилна и не е на апарати за дишење“, пишува српски „Курир“.

Според српските медиуми, актерката немала посебни барања, таа била задоволна од условите во болницата и грижливоста на персоналот.

Instagram
Instagram

Актерката претходно била во домашна изолација, но бидејќи претходно имала кардиоваскуларни проблеми, таа била хоспитализирана.

Ви благодарам што се грижите, добро сум. Наскоро ќе бидам дома, се надевам“, изјави таа за „Курир“.