Една од најпознатите турски актерки која ја толкуваше улогата на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величествениот“, Мерјем Узерл неодамна стана мајка по втор пат.
Исто како што нејзините улоги беа следени со голема љубопитност на малите екрани во Турција и кај нас, публиката сега е подеднакво заинтригирана и од нејзиниот приватен живот.
Актерката Узерл на својата втора ќерка ѝ го даде името Лили Кои, а деновиве на своите обожаватели им покажа колку ужива во мајчинството. Таа на својот инстаграм-профил сподели серија фотографии од своите две ќерки.
Актерката дури во петтиот месец од бременоста ја потврди веста дека го очекува своето второ дете.
„Лара долго време сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари. И исто така сум среќна зашто основам свое семејство“, тогаш изјави таа.
Мерјем својата втора ќерка ја роди на 8 јануари и иако не потврди кој е таткото на нејзината ќерка, турските медиуми почнаа да шпекулираат дека станува збор за актерот Каглас Ертугрул, со кого наводно е во врска веќе некое време.
Узерли моментално живее во Берлин, а според нејзините објави на социјалните мрежи, се чини дека во последно време повеќе добива ангажмани како модел, отколку како актерка.
Таа исто така се „фрли“ во претприемачките води и отвори продавница за здрави бонбони во центарот на Берлин. Станува збор за поздрави верзии на чоколадо, бонбони и џемови.