Ова растение лесно ќе го забележите – се карактеризира со  големи цветови чии ливчиња претставуваат симпатична комбинација од неколку бои.

Фото: Ансплеш / J Williams

Газанија е растение кој бара многу сонце и температура што не би паднала под 10 степени навечер. Потекнува од Јужна Африка, а кај нас се одгледува како годишно растение поради отпорност на студ и ниски температури. Припаѓа на семејството Compositae и расте во форма на грмушки.

Листовите на Газенијата наликуваат на оние од глуварче и имаат зелена боја, додека пак цветовите можат да бидат бели, жолти, портокалови, розови и црвени.

Фото: Ансплеш / David Clode

Газанија цвета од јуни до октомври, вирее на сончеви места, на квалитетна, сува, пропустлива почва и на место заштитено од силни ветрови. Избегнувајте полевање ако површината на почвата е влажна бидејќи така коренот може скапе, и запомнете дека редовно отстранување на овенето цвеќе промовира повторно цветање.

Фото: Ансплеш / Chandan Chaurisia

Да се засади газанија од семе е доста комплициран процес, па затоа се препорачува да засадите расад на посакуваното место во градината. Овој цвет изгледа прекрасно во комбинација со шарени летни цвеќиња.