Во недела ќе работи само оној кој мора да работи. Министерката за труд Јагода Шехпаска за Алсат вели дека работникот кој ќе работи во недела треба да добие повисока дневница за 50 отсто како и слободен ден во текот на следната работна седмица. Според планот, во недела ќе работат бензинските пумпи, трговијата со струја, секој вид на транспорт, угостителскиот сектор, медиумите, болниците, телекомуникацискиот сектор, противпожарната служба, погребалните услуги, комуналните дејности, музеите, зоолошките градини и ред други кои во овој период се дефинираат.

„Во делот на трговската мрежа, предлог Законот предвидува да работат само трговски објекти до 200 квадратни метри површина кои се во склоп на бензиски пумпи на граничните премини на аеродромите, автобуските станици и железничките станици. Останатите трговски објекти, законското решение вели дека нема да работат во недела“, рече Јагода Шахпаска министрка за труд и социјална политика.

– Advertisement –

Анкетата која ја спроведе Сојузот на стопански комори меѓу своите членки по оваа прашање, покажува дека за безмалку 65 отсто од компаниите, недела ќе им биде слободен ден за работниците. Но децидни се дека одредени дејности за потребите на граѓаните треба да работат и во недела.

„Како исклучоци беа истакнати здравствени установи, компании од прехрамбена дејност, бензински пумпи, како и угостителски објекти за служење храна и пијалаци, но и шопинг центрите кои за време на викендите ги користат граѓаните, но има посетители и од соседните држави“, наведуваат од Сојузот на стопански комори.

Од Стопанската комора сметаат дека ова законско решение ќе направи големи штети во делот со трговијата.

„Ограничувањето на можноста за работа во недела, или наметнувањето на дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес, ќе влијаат на нивната продуктивност, но и на нивната конкурентност на регионалните, но и на глобалниот пазар, а истовремено може да биде доведена во прашање атрактивноста на РСМ како дестинација за странски инвестиции“, велат од Стопанската комора.

Синдикатите сметаат дека ќе треба голема контрола, се со цел работниците да не бидат злоупотребени. Бараат контроли деќа ке се добие поголема плата. Првичните проценки се дека во недела ќе продолжат да работат од 150 до 180 илјади лица. Но, ослободени од работа во недела ќе бидат околу 450 илјади работници. Државниот инспекторат за труд ќе ја врши контролата на терен. Фирмата која нема да го почитува новиот Закон за работни односи ќе добие клуч на врата во време траење од 15 до 30 дена, а газдата парична казна.

Иле Петревски