Македонската влада очекува заедно со кредиторите до крајо на годината да избере изведувач за изградба на пругата кон Бугарија, а следната година да почне и изградбата на првите две делници Куманово-Белаковце и Белаковце-Крива Паланка.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски открива дека за првите две делници се обезбедени средства преку кредити и грантови од Европската унија од околу 200 милиони евра.
Тој открива дека изградабата сега е во застој затоа што претходната фирма ја напуштил трасата на пругата.
„Нашата најважна задача или желба на владата е да се избре сериозен изведувач за да може тие пари да ги потроши и да ги вгради во инфратсрукута. Најлошо сценариа за нас е парите да стојат по сметките и да не можеме да ги вградиме затоа што и за време на Ковид криза ако тие инфраструктурни проекти се градат парите ке влезат во најголем дел во домашните комапни и во подизведувачи затоа што сите материјални што се вградуваат најголем дел се локални материјали и работат луѓе од локланата економија“, вели министерот Бочварски во интервју за порталот zoom.mk.
Според него, третата траса на пругата од Крива Паланка до бугарската граница е најтешка и најскапа, за која треба да се обезбедат над 400 милиони евра.
„Течат попстаоките за издавање на сите одобренија за да можеме ние веднаш потоа да влеземе во реализација и на третата делница. Само за илустрација за граѓаните, оваа железничка пруга има преку 30 туналеи, и преку 90 мостови. Тоа е многу тежок и комплексен терен, не се откажуваме затоа што тоа е Коридорот осум“, смета Бочварски и додава дека изградабата на пругата ќе го олесни товарниот транспорт којшто ќе им даде шанса на домашните компании да работат и да бидат поконкуретни во соработката со соседите.