Според ВМРО-ДПМНЕ, денешните реакции од Здружението на судии се, како што велат, крајно загрижувачки.

„Ја видовме реакцијата на судиите и обвинителите.

Мислевме дека ќе прочитаме нешто повеќе посериозно и потемелно, кога тие гледаме самите си кажаа што е причината што вака работат. Ниските плати.

Со тоа во нивната совест си ги оправдуваат погрешите одлуки и постапки, веројатно дел од нив од истите причини и земаат мито, па тоа го оправдуваат со крајно нечовечната и неетичка позиција „ниски ни се платите”.

Чест на исклучоците во таа професија кои се уште се повеќе од расипаните зрна во амбарот, но овие реакции од денес се запрепастувачки и крајно загрижувачки и ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити и криминалци и корумпирани политичари и мафијаши тогаш имаме еден предлог до нив.

Нека си одат веднаш“.

На нивно место, додаваат од владејачката партија, ќе дојдат луѓе кои си ја сакаат државата и сакаат да воведат ред, дури и за плати од 1500 до 2000 евра какви што примаат судиите денес.

Вакво, според нив, понижувачко, нелогично и промашено соопштение, не може како што велат, дури ни СДС да смисли.

„Секако повторуваме чест на многуте исклучоци во таа професија кои се срамат од своите колеги и кои си ја сакаат државата“.

Претходно денеска од Здружението на судии соопштија дека нема да дадат коментар за пресудата во предметот познат како „Онкологија“ а во соопштеното истакнаа дека платите на судиите и судските службеници се најниски во регионот.

Текстот Ако ниските плати им се причина да судат неетички и да прават пактови со бандити, имаме еден предлог до нив, одете си веднаш, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.