Доколку рокот за поднесување на завршна сметка за фирмите не се одложи за еден месец, годишните сметки кои ќе бидат предадени во УЈП ќе бидат најнеточните во историјата на Македонија, предупредуваат сметководителите. Проблемите што ги предизвика отсуството на работен кадар кои ги предизвика пандемијата, сега ќе резултира со паушални пресметки и импровизации во завршната сметка, велат од Комората на сметководители. Сметководителите велат дека постои член во Законот за трговски друштва кој овозможува да се исполнат нивните барања.
„Поднесувањето на годишните сметки е два месеци по истекувањето на календарската година. Освен кога законодавецот може да го искористи своето право и да го продолжи за еден месец, како тоа што се случи минатата година. Па на 13 март добивме пролонгирање до 24ти март. Но, не треба да чекаме време и колегите да се под секојдневен стрес и да чекаат дали тоа ќе се случи или не“, рече Ана Тасевска потпретседател на Комората на сметководители.
– Advertisement –
Сметководителите обвинуваат дека власта ги игнорира подолг период и не сака да слушне за никакво пролонгирање на роковите. Од Министерството за економија се на став дека пролонгирање нема да има со образложение дека тие статистички податоци ги зема Европската Унија од земјава. А, сметководителите тврдат дека речиси сите членки на Унијата веќе го продолжиле рокот за доставување на годишните сметки на фирмите. Одговор побаравме и од Министерството за финансии, зошто не го продолжуваат рокот, но повратна информација не добивме. Инаку, рокот за доставување на завршната сметка на шалтер во УЈП е 28 – ми февруари, а по електронски пат рокот е до 15 март.
Иле Петревски