Новата верзија на популарниот Интернет пребарувач – Хром 88, е објавена на почетокот од неделата, а на корисниците им носи нови функции наменети за заштита на нивните лозинки и податоци.
Покрај проверката на сочувани лозинки, да се да утврди дали некоја од нив е компромитирана, Хром ќе ги предупреди корисниците ако нивната лозинка е премногу „слаба“ односно лесна за да биде безбедна. Доколку е потребно да смените било која од лозинките претходно сочувани, постои ново подесување кое е поедноставно.
Хром ќе ве извести и кога лозинката се смета за „слаба“, ако лесно може да се погоди бидејќи е прекратка или затоа што како лозинка користите познат збор како на пример вашето име или некое место. Во секој случај „слабите“ лозинки добиваат посебен дел во одделот за лозинки, а Хром ќе ве праша дали сакате да ги смените.
Гугл за оваа намена додал и нова функција која ја олеснува промената на сочувани лозинки. Оваа функција на Хрон-88 ќе се појави во текот на наредните недели.