Пред само неколку дена капитенската лента која ја фрли Кристијано Роналдо по мечот Србија-Португалија (2:2), откако не му беше признаен чист гол, беше продадена за 64 илјади евра. Капитенската лента ја купила обложувалницата „Моцарт“, а парите одат во хуманитарни цели, односно за лекување на шестмесечното бебе Гаврилo.
Сега, на аукција ќе бидат ставени и копачките на фудбалерот на Србија, Митровиќ. Практично тој ја исфрли топката од зад гол линијата, а судиите не „видоа“ чист гол. Ако капитенската лента е продаден за 64 илјади евра, за колку ли ќе „отидат“ копачките на Митровиќ?
Исто така парите од продажбата на овие копачки ќе одат за лекување за шестмесечниот Гаврилo.