Насер СЕЛМАНИ
Излегуваат нови детали од тајниот договор на македонските партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, кој е маскиран со одлагање на пописот затоа што овие три партии се многу загрижени за здравјето на граѓаните.
Толку се загрижени што сред пандемија, кога десетина наши граѓани умираат дневно, меѓу кои и многу млади луѓе, овие не успеаа да обезбедат вакцини со што ќе ги ублажија последните.
Во суштина договорот е анитидемократски и мириса на криминал затоа што со удбашки методи добро испробани од полициската држава, треба на фингиран начин да ја вратат ВМРО-ДПМНЕ на власт, а СДСМ да се офајди до крајот на мандатот, а опозицијата ќе замижи сега и кога ќе дојде на власт.
ДУИ, како вазалска партија на македонските партии, ќе се награди соодвтено за конструктивниот однос, ќе добијат легализација на дивоградби на нивните градоначалници, и се разбира, спас од незибежниот пораз на локланите избори наесен, гласови од двете намакедонски партиио во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга.
Поштетен договор Заев, Мицковски и Ахмети не можеа да замислат. А обичните Македонци нека се удираат во гради дека со договорот за одлагање на пописот ги зафркнале Албанците, без притоа да видат дека токму тие се најзафркната страна. Во пакетот на овој договор, кој е претставен како договор за помирување и деблокирање на Собранието, е и одобрување на заемот за изградба на новиот Клинички центар, кој ќе чини стотина милиони евра.
Верувам дека граѓаните се толку паметни да разберат дека кајмакот од провизиите ќе бидат поделени од власта братски според Охрдиски рамковен договор. Тие толку да знаат дека кредитот, кој што ќе го земат Заев и Ахмети, со одобрување на Мицковски, ќе го вратат тие, нивните деца и нивните внуци. Вие правете се патриоти, некој овде добро ќе се опари!
Ако за време на владеењето на Груевски проектот Скопје 2014 беше најголемата пералница на пари, тогаш за владата на СДСМ изгледа ќе биде изградбата на новиот Клинички центар!
Не дека во земјата не треба да се градат и нови болници, но проблемот е што е избран погрешен момент. Во време на пандемија, кога економијата е на колена и дупкките во буџетот ги поплнуваме со заеми, голем број македонски граѓани остануваат без работа, земјата не може да си дозволи таков луксуз. Во суштина може, ако некој решил да се офајди кога земјата минува низ траума наречена пандемија на коронавирус, во која многу наши сограѓни ги изгубија нивните најмили и поради неспособноста на власта.
Подобрувањето на здравствените услуги најмалку значи само изградба на нови згради, туку пред се, домаќинско трошење на здравствениот динар, кој досега се знае како се трошеше. Знаеме ние какви здравствени услуги нудат нашите здравствени установи и во кои мизерни услуви работат здравствените работници. И сетоа тоа, поради лошото менаџирање или да не кажам кражба на здравствениот денар.
И после логички е на Заев и на Мицковски да им се допаѓа друштвото со Александар Вучиќ и да се восхитуваат на неговата солидарност што ги вакцинира Македонците кога тие порани нивната неспособност не го направија тоа.
Има сериозен обид да ни се повтори историјата! Во 2008 година по Самиото на НАТО, Груевски реши да одглуми патриот и после видовме во што заврши. На крај, не само што даде и име и презиме, туку едвај спаси глава како азилант во Будимпешта.
Дали тој филм ќе им успее и на Заев, Мицковски и Ахмети, тоа зависи од македонските граѓани.
Верувам дека најголем дел од граѓанството се свесни за штетата што ни ја предизвика политиката на Груевски. Ако Груевски не спречи менување на името, на Заев и Мицковски сега полено ќе им биде да ја прифатат заедничката историја со Бугарија, која впрочем и дел на договорот потпишан во 2017 година. Само што тоа ќе мора да потрае додека не се подмачка добро со многу пари. Се разбира, наши пари!