Google блокираше 164 апликации од Play Store, а Android корисниците сега треба да ги избришат овие апликации кои можат да направат хаос на нивните уреди, пренесе британскиот Express. Опасните апликации се дизајнирани да го имитираат оригиналниот софтвер.
„Се предупредуваат сопствениците на Android телефони да ги проверат уредите, бидејќи Google штотуку блокираше 164 апликации од Play Store. Штетниот софтвер им обезбедува пари на креаторите, го прави бавен телефонот и го „бомбардира“ со несакани реклами“, соопштија експерти од Satori Threat Intelligence.
Софтверот е дизајниран така што ги имитира оригиналните апликации, а досега се измамени над 10 милиони корисници.
Иако Google ги отстрани апликациите од Play Store, тие и понатаму претставуваат закана, па мора рачно да ги избришете.
„Кога симнувате некоја апликација, погрижете се да ја добиете официјалната верзија. Погледнете ги рецензиите, не само позитивните, туку и негативните коментари“, советуваат експертите.
Целосната листа може да ја погледнете ТУКА, а меѓу најпопуларните апликации се:
– DJ Mixer Studio 2018 • 1милион преземања
– iSwipe Phone X • 5 милиони преземања
– AppLock New 2019 • 1 милион преземања
– 3D Photo Editor • 50.000 преземања
– Wifi Speed Test • 500.000 преземања
– Ringtone maker – Mp3 cutter • 1 милион преземања.