Зравствените експерти порачуваат дека пандемијата на коронавирусот нема да заврши уште неколку години доколку богатите земји не ги поделат своите вакцини со останатиот дел од светот.
Според Обединетите нации, до средината на февруари годинава вакцината ја примиле 191 милиони луѓе во светот, но повеќе од три четвртини се жители на само 10 земји. Спротивно на тоа, во истиот период, во приближно 130 земји во светот каде што живеат вкупно околу две и пол милијарди луѓе, никој не е вакциниран – ниту една личност, пишува „Сајанс Алерт“ (ScienceAlert).
Експертот за јавно здравје и професор на Универзитетот Дјук, Гевин Јамеј е уште еден во низата загрижени научници и медицински професионалци кои ги повикуваат богатите држави да престанат да „ја трупаат“ вакцината против Ковид-19 само за своите граѓани.