Јадењето помалку месо може да помогне во намалување на ризикот од пандемија, покрај заштита на животната средина, соопшти во средата Програмата за животна средина на ОН, објавувајќи го новиот извештај на Чатам Хаус (Chatham House).

„Во време кога голем дел од светот продолжува да се бори против пандемијата на Ковид-19, никогаш не било поочигледно дека благосостојбата на луѓето и животните, диви и одгледувани, е испреплетена, рече Филип Лимбери од „Сочувство во светското земјоделство“, кое исто така го поддржува овој тинк-тенк.

Доколку екосистемите продолжат да се уништуваат, снабдувањето со храна на населението ќе биде загрозено, предупредуваат тие. Потребно е поголемо свртување кон храна од растително потекло за да не ср забрза загубата на биодиверзитетот, додаваат тие.

Покрај тоа, треба да се заштити повеќе земјиште, а земјоделството треба да стане еколошко, велат тие. Природните екосистеми се повеќе се претвораат во обработливо земјиште и пасишта во последните децении, што доведува до губење на живеалиштата на животните.

– Интензивното одгледување милијарди животни на глобално ниво сериозно ја оштетува животната средина, предизвикува губење на биодиверзитетот и произведува големи емисии на гасови со ефект на стаклена градина што го забрзува глобалното затоплување, рече познатата приматолог Џејн Гудал во изјавата на УНЕП

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.