Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски смета дека граѓаните ќе одбиваат да се попишуваат бидејќи власта претерала со отстапките во однос на Законот за попис.
„Во опасна ситуација сме и треба да се корегира тоа што може ако сакаме да имаме успешен попис и да имаме резултати. Не треба да покажуваме сила, зошто тоа ќе ни се удри од глава. Народот кога не може да се спротивстави, се повлекува и тоа го искажува на избори и со одбивање.“, изјавил Јакимовски ТВ24.
Тој тврди дека кога нема дијалог за битни прашања граѓаните се подготвени да се спротивстават, дури ако прават штета на државата.
Според него, вакцинирањето не може да биде изговор на власта за брзањето со пописот затоа што после 20 дена ќе треба ревакцинација.