Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевчо Јакимовски најави бесплатен превоз на граѓаните од населените места Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот Партизански одреди. Целта на овој проект е да се олесни поврзувањето на жителите од овие населени места со централниот дел од општината преку воведување на автобуски линии. Превозот ќе биде бесплатен, а трошоците ќе бидат на сметка на општината, најави Јакимовски.

– И со бас рапид транзит на градоначалникот Шилегов не се решава проблемот на граѓаните од Трнодол, Жданец, Средно Нерези. Тие и натаму ќе бидат отсечени од булеварот Партизански одреди каде што е најголемата фрекфенција и каде што граѓаните имаат најмногу потреба да се движат. Од тие причини општина Карпош ќе има минибуси кои ќе се обраќаат од Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот Партизански одреди. Ова особено ќе биде во интерес на повозрасните граѓани на Карпош, како и за учениците кога наутро одат за на училиште, особено во средните училишта. Сето ова ќе биде бесплатно на товар на буџетот на општина Карпош, најави Јакимовски.