Полицијата денеска спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници на поширокото гостиварко подрачје, претежно автобуси и комбиња.
При контролата откриени и законски санкционирани се 9 неисправни возила. Четири од нив имале неисправни сопирачки, едно неисправен уред за управување, а четири биле со неизвршен технички преглед, соопшти полицијата.
Неисправните возила (5) биле исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се соодветни поднесоци.