Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со државни и општински инспектори по сообраќај, денеска (24 декември) од 06 до 10.00 часот спроведоа акциска контрола на автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.
При контролата биле откриени 2 автобуси (ТЕ-1 и ГВ-1) кои имале неисправни сопирачки и кои веднаш биле исклучени од сообраќај, а на нивните возачи изготвени им се соодветни пооднесоци.
Покрај ова, соодветни поднесоци изготвени им се на 10 возачи (ТЕ-6 и ГВ-4), најмногу за немање на лекарски уверенија и за несоодветна категорија за управување. На два превозници (ТЕ) изготвени им се поднесоци за непоседување на потребните лиценци, а преземени се и 4 други мерки(ГВ).