Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ не сака да се преименува во Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија поради што Владата го повлекла од Собранието законот за преименување на институцијата.
Владата верува дека ќе најде решение со Академијата порачувајќи дека МАНУ е должна да го почитува Преспанскиот договор.
„Според овој документ, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име „на Република Северна Македонија“ или со нејзиното скратено име – Северна Македонија“, велат од Владата за Плусинфо.
Академиците тврдат пак дека Преспанскиот договор не ги обврзува да го променат името на МАНУ.
„Мнистерството за надворешни работи комуницираше со грчката страна и беше добиена согласност за тоа, имаа разбирање, односно институцијата да се вика Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија или на Северна Македонија – МАНУ“, изјавил анонимно за Плусинфо, еден од академиците.