Струмичкиот фудбалски проволигаш „Академија Пандев“ денеска ги почна подготовките за пролетниот дел од првенството на спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица.
На првиот собир, под раководство на новиот тренер Александар Васоски, присиствуваа сите фудбалери на кои ќе може да смета стручниот штаб, како и засилувањата централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски.
Првиот дел од подготовките ќе се одвива во Струмица, а на 20 јануари „пандевци“ продолжуваат во Анталија, Турција, каде ќе останат 14 денови и ќе одиграат и неколку контролни натпревари.
Во паузата на првенството од клубот заминаа Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ. (МИА)