Тензично на собраниската комисија за политички систем, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не дозволија да почне расправата за предлог законот за академија на судии и јавни обвинители, објави телевизија Телма.
ВМРО-ДПМНЕ бараше да се повлече предлог законот со кој според нив се прекршуваат процедурите и се злоупотребува европското знаменце.
Обвинија за партизација на судството и носење законски решенија на сила. Седницата беше прекината.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието носат маички со ликот на Гоце Делчев, бидејќи требаше да се расправа и за декларацијата поднесена од нивна страна за ликот и делото на Гоце Делчев.