Од утре цената на парното ќе се зголеми за 14%, односно зголемувањето ќе влезе во јануарските сметки на граѓаните од град скопје кои ја користат топлинската енергија од трите компании.
Првиот човек на регулаторна рече дека ова е враќање на нивото на цената на парното од 2018 година.
Како ќе се покрие разликата во цена во износ од 250.000 евра на месечно ниво за сега не се знае. Бислимовски ги повика Градот Скопје и Владата да помогнат за покривање на дел од трошоците за топлинска енергија, за да не падне се на товар на граѓаните.