По добиената официјална потврда од Агенцијата за безбедност на храна на Република Косово за прв случај на болеста Чума кај малите преживари во оваа земја, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари во Република Северна Македонија и од Република Косово. На сила е и Решението за забрана за увоз од Република Албанија кое неодамна го донесе АХВ, каде досега се потврдени неколку жаришта на болеста.

АХВ на дневна основа ја следи состојбата со болеста Чума кај малите преживари. Со цел заштита од внесување на вирусот на болеста, зачувување на статус земја слободна од болеста и извоз на живи животни, месо од овци и кози и нивни производи во Европската Унија, превентивни мерки се преземаат уште од 2024 година, од неодамна се воведени мерки на засилен надзор на болеста долж пограничниот појас на граница со Албанија, а исти вакви мерки за пограничните региони, ќе се воведат и кон Косово. Особено засилена е контролата на евентуално илегално движење на животни и забрана за движење на животни меѓу населените места лоцирани во пограничните појаси, за што, за потврдтата на првото жариште во сосседно Косово известени ќе бидат и МВР, Царинската управа и другите надлежни државни органи.

Заради намалување на ризикот од појава и проширување на болеста, АХВ ги извести ветеринарните друштва и официјалните ветеринари за спроведување на засилен надзор на одгледувалиштата со овци и кози и пријавување на секој сомнителен случај на болеста, а со одгледувачите на ситен добик во тек се информативни трибини за запознавање со симптомите на болеста и нивно полесно препознавање. Одржни се неколку координативни состаноци со преставници на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, националните паркови, Министерство за земјоделсто, шумарстово и водостпанство, Шумска полиција и други надлежни органи. АХВ е во постојана комуникација и соработка и со Факултетот за ветеринарсна медицина од Скопје, Ветеринарната комора, ветеринарните друштва, одгледувачите на животни и официјалните ветеринари, на соостаноците укажувајќи за обврските во однос на спроведување на активности за рано откривање на болеста чума кај мали преживари. Упатен е апел одгледувачите веднаш да пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари доколку забележат појава на симптоми на болеста, дури и кај едно животно. Сточарите, секоја промена во однесувањето на животните ( згомена температура, намален апетит, промени на очи, нос, уста и сл.) веднаш да ги пријават до ветеринарните друштва и официјалните ветеринари. Исклучително внимателни да бидат и да не се обидуваат да ги лекуваат животните сами.

Доколку има угинувања на животни на фармите истите да не се прикриваат, туку задолжително да се пријават. Од фармите каде некое од животните ќе покаже симптоми на болеста, не смее да се изнесуваат животните, производи од животинско потекло, опрема, измет и ѓубре.

Во случај на сомнеж или потврда на болеста ќе се применуваат мерките од Планот за итни мерки и оперативниот прирачник за чума кај малите преживари на Агенцијата за храна и ветеринарство. Со Планот и оперативниот прирачник се уредуваат постапките и активностите кои треба да се спроведат и применуваат согласно Законот за ветеринарно здравство и Одлуката за планови за итни мерки кај животните. Со овие документи се овозможува ефикасно и ефективно спроведување на мерките за заштита и контрола на приемчивата популација животни – овци и кози, како и брза проценка за ограничување или отстранување на ризикот за внес и ширење на вирусот.

Болеста чума кај малите преживари претставува вирусно заболување кај козите и овците, предизвикано од morbilli вирус од фамилијата парамиксовируси и предизвикува големи економски штети. Заразувањето (морбидитетот) на приемчивите животни може да биде од 90 до 100%, а стапката на смртност (морталитет) се движи помеѓу 50 и 100% и е особено изразен кај подмладокот.

Болста не е зооноза односно луѓето не се приемчиви на вирусот и нема опасност по нивното здравје.

Болеста чума кај малите преживари е една од најзаразните болести кај малите преживари. Може да се пренесе и на крупните преживари, но, кај нив не предизвикува никакви симптоми.

Инфекцијата обично се случува преку директен контакт меѓу приемчивите и заразени животни. Во раните фази на инфекцијата, кога животните имаат покачена телесна температура, сите телесни секрети и екскрети се високо контаминирани. Преносот на болеста преку воздух е брз кај соседни стада.