Демократската унија за интеграција денес ги продолжи средбите со своите членови и граѓаните во Гостивар, каде за европската иднина на државата се разговараше овојпат со жителите на Србиново, Страјане, Падалиште, Ѓоновица и Симница.

На присутните им се обратија Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, Министерот за финансии Фатмир Бесими, Претседателот на огранокот на Демократската унија за интеграција во Гостивар, Валдет Џафери и Имран Жупани од подогранокот на ДУИ во Србиново, додека присутни беа и претседателот на Собранието, Талат Џафери и Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби.

Али Ахмети – Претседател на Демократската унија за интеграција

Aко сме сериозни да му служиме на народот, иднината, да им оддадеме почит на оние кои пролеале крв и пот за оваа земја, мора да застанеме и да размислиме дали е ова важен момент “Заедно за Европа“? Дали е ова моментот заедно да изградиме фронт за Европа и да го скратиме патот до членството, да излеземе со повик до нашите сограѓани дека оваа држава е заедничка. Нашите македонски сограѓани не можат да имаат посилна автономија сами, отколку заедно со своите сограѓани Албанци. Ние сме посветени за посилна Македонија, интегрирана во НАТО, таа да биде во Европската Унија и зошто да не ја изградиме оваа алијанса токму во овој момент, многу корисна за нас не само како Албанци, туку и за сите граѓани на Република Северна Македонија. Членството во Европската Унија ги усогласува стандардите, обезбедува подобар живот, бара да ги исполниме стандардите пред да станеме членка. Ако работиме  со срце и верба, нема ништо што не може да се постигне. Има прогноза за 2030 година, но можеме уште повеќе да го скратиме патот ако си ја завршиме домашната задача, a таа задача не треба ја вршиме само затоа што тоа го бараат Брисел и Вашингтон, туку затоа што ни треба нас, да владее законот ни треба нас, да имаме функционална администрација ни треба нас, да немаме криминал и корупција ни треба нас. Ни треба фронт за Европа бидејќи тоа го скратува патот до членството и ја олеснува работата кон материјализација на стандардите почнувајќи од ветингот до владеењето на правото.

Фатмир Бесими – Министер за финансии

Денес како политичка организација преземаме поголеми одговорности од само решавање на невработеноста и благосостојбата на Албанците. Денеска одлучуваме и избираме за иднината на сите граѓани на Северна Македонија, без разлика дали се Албанци, Македонци, Босанци, Турци или други кои живеат овде. Тоа доволно зборува колку далеку сме стигнале. Пред 2001 година ние и политиката на Албанците во Македонија главно се занимававме со изработка на програми како да си го решиме статусот, како да стекнеме малку повеќе права во оваа држава. Не само тоа, ние сега сме поамбициозни и пошироки од само правата на Албанците во подготовката на изборните програми. Благодарение на Господ и  на неуморната работа на лидерот и на сите нас кои се наредивме зад него, денес слободно можеме да зборуваме за благосостојба, денес зборуваме за маките и другите проблеми што ги имаме за подобар живот. Денес сакаме овие училишта повторно да се наполнат со ученици, сакаме младите во нашата земја да најдат перспектива, работни места, да отвориме нови работни места. Денес сакаме нашата младина да биде поамбициозна од нашата генерација и од оние пред нас. Покажавме подготвеност дека можеме да преземеме одговорност, не бегаме од одговорноста, но и не ја злоупотребуваме. Со моите колеги од извршната власт одлучуваме за проекти кои се витални и стратешки за нашата иднина.Оваа долгорочна перспектива и оваа наша визија е дека новата генерација и нашите сограѓани кои се во Европа треба да ја најдат Европа тука и ова е слоганот “Заедно за Европа“.

Валдет Џафери – Претседател на огранокот на ДУИ во Гостивар

Демократската унија за интеграција и ние како нова генерација која ја презедовме одговорноста да го води огранокот на ДУИ во Гостивар, секогаш многу свесно  со голема посветеност ќе се обидеме да ви служиме за целата заложба што ја дадовте сите вие жители на овој крај, без исклучок, во однос на поддршката што ја имаме од вас континуирано од 2002 година до денес. Оваа посветеност и заложба ќе продолжи и во иднина, затоа вечерва, водени од нашиот лидер, ние сме со вас со единствена цел да можеме да го слушнеме вашиот глас, да можеме да ви служиме уште повеќе на најдобро можно ниво.

Имран Жупани од подогранокот на ДУИ во Србинов

Слоганот „Заедно за Европа“ има многу посебна симболика и тоа сакам да го истакнам вечерва. Сакам да споделам еден момент со вас, по изборите во нашиот огранок му се јавив на Валдет затоа што во последните три изборни циклуси имавме порази во Гостивар и му реков дали го гледаш решението, рече ќе го гледаме заедно, но не со нашите очи, со очите на нашите деца, со работа, со обврски, со задачите што ги преземаме. Доволно е да се потсетиме на новодипломиран студент, да се потсетиме на пензионер, мајка, земјоделец, тие се решението, тие се и мотивот да се занимаваме со политика.