Али Ахмети попладнево ги собра членовите на т.н „Огнена група“, кои пред неколку дена испратија отворено писмо во кое изразија незадоволство од состојбите во партијата, поточно од Артан Груби. На чело на оваа група се Изет Меџити пратеник, потоа Блерим Беџети, градоначалник на Сарај, Висар Ганиу, градоначалник на Чаир, Муса Џафери, екс висок функционер и други. Ахмети во обид да ги смири и да им понуди некаков договор.
Арбен Зибери од огранокот на ДУИ во Сарај изјави дека на денешната средба со претседавачот Али Ахмети владеела релативно позитивна атмосфера, пренесува ТВ21.
Зибери рече дека ДУИ, како и секој пат, така и овој пат ќе излезе многу посилна и пообединета.
„Тоа беше конструктивна дебата, отворено се разговараше за сите работи внатре во партијата, беше релативно позитивна атмосфера. Претседателот беше информиран за сите активности на огранокот во Сарај. Мислам дека ДУИ, како и секој пат, така и овој пат ќе излезе многу посилна и пообединета“, рече Зибери.