„Комуникацијата преку која континуирано просперира ДУИ и ја прави непобедлива веќе две децении, во која не е лесно да се жнеат само победи и успеси, кои нема да изостанат во иднина. Зад себе оставивме многу сработено за Албанците, а не направено за ДУИ, било во образованието, културата или здравството“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети пред граѓаните на Гостивар.

Ахмети истакна уште дека во 2002 г. зборувал за тоа колку специјалисти Албанци имало во скопската болница и додаде дека се чувствува горд што ситуацијата денеска се променила на подобро.

„Се сеќавам во 2002 година кога зборував за тоа колку специјалисти Албанци има во скопската болница. Денеска сум горд што оваа ситуација се промени на подобро и само овде гледам 3-4 специјалисти и заслужни, додека иднината е во ваши раце бидејќи вие сте најмладиот тим. Треба да се види многу работа, како го правиме тоа од универзитети до болници, каков квалитет нудат и со независност и капацитети кои треба да се искористат во служба на граѓаните“, вели Ахмети.

Тој подвлече дека за 20 години, ДУИ успеала да ги реализира целите на генерациите што работеле пред нив.

„20 години ги реализиравме целите на генерациите што работеа пред нас, но не сме тие што може да се пофалиме дека сме придонесувачи затоа што без нивниот придонес немаше да бидеме придонесувачи. Јас не влегов во војна за да бидам тука пред вас туку бев принуден од ситуацијата затоа што бев наметнат, па влегов да му направам услуга на народот но секогаш мислејќи на крајот не на почетокот затоа што крајот мора да биде и тоа се памети со чесност и чисти образи“, изјави Али Ахмети.