Претседателот на ДУИ, Али Ахмети останува на ставот дека квалификацијата „тероризам“ е претешка за учесниците во настаните од 27 април, пренесува ТВ21.
„Овие настани се болни. Применето е насилство брз народните избраници, применета е бруталност, но не и тероризам. Се знае што значи тероризам и каква квалификација е „тероризам“. Така што, мислам дека органите на правдата треба да ја разоткријат целата ситуација, бидејќи станува збор за комплицирана ситуација“, посочи претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
За да се нарече „тероризам“ требаше да биде поинаков начин на дејствување, вели првиот интегративец, додавајќи дека толпата што влезе во Собрание била еуфорична и бесна. Како што додава, органите на правдата треба да кажат дали масата луѓе биле организирани или пак, самоогранизирани. Посака што поскоро случајот да добие завршница.