Ова е првата реакција на лидерот на ДУИ Али Ахмети за пописот и резултатите:
Денес, Република Северна Македонија по 20 години има појасна слика во однос на вкупното население и процентот на заедниците во државата.
Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје 22,8% (од 20,04% во 2002 година).
Им честитам на сите институции кои беа вклучени и го помогнаа Пописот како процес кој започна во март минатата година со дијаспората во земјата и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме успешно да го завршиме .