„Треба да ја завршиме нашата домашна задача и да ги имплементираме стандардите, вклучително и борбата против криминалот и корупцијата. Сега се соочуваме со големо прашање. Имаме услови дека без уставни измени не може да се отвори првото поглавје затоа што скринингот е почнат и следната средба со ЕУ мора да започне во ноември. Политичките партии мора да работат и да ги убедат луѓето дека нема подобро и единствено решение освен Бугарите да станат дел од уставот и да го отворат првото поглавје. Најдоброто решение за нашите проблеми е да создадеме сојуз за обединета Европа и сите нека се гордеат и што поскоро да ги исполнат обврските од дома и она што Европа го сака“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на средба со граѓаните и партиските активисти од Чегране во општина Гостивар.

На средбата освен Ахмети присутни беа и собранискиот спикер Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министри, заменици министри, директори како и други соработници.