Лидерот на ДУИ Али Ахмети за време на денешната средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, оценил дека не сме далеку од договор со Софија и дека страните ќе ги почитуваат преземените обврски. Тој изјавил уште дека, треба да се пристапи кон разликите и да се надминат што е можно побрзо за да започнат преговорите за членство во Европската Унија, соопштуваат од ДУИ.
Ахмети додал дека со добри и релаксирани односи во нашата земја и со соседите, ја обезбедуваме нашата иднина, стабилност, безбедност и европската перспектива, затоа, потенцирал Ахмети, не смееме да застанеме со нашите напори со цел да ги надминеме сите пречки.
Амбасадорот Гир ја истакнал потребата од интензивно продолжување на реформите во земјата во наредните месеци за да се исполнат европските стандарди во земјата, додека Ахмети ја истакнал и големата потреба за реализирање на реформите што се за доброто на сите наши граѓани.