Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
На прашање од модераторот за тоа дали планира да се повлече од местото лидер на ДУИ, со оглед на тоа дека по најавата за промоција на нешто ново во јавноста, се појавија и шпекулации дека е можно негово повлекување, Ахмети истакнува дека ќе остане до наредниот Конгрес.
„Затоа, сега за сега не планирам да се повлечам. Имам уште 3 години мандат, до следниот конгрес. Имаме многу работа до тогаш“, порача Ахмети.
Тој откри и дека воопшто не планирал да се вклучи во политиката, но тоа му било наметнато.
„Да ви објаснам нешто. Во 2001 година воопшто не планирав да се вклучам во политика. Мојата цел беше да се подобрат правата на Албанците. Тогаш предложив координативно тело кое ќе ги следи политиките за подобрувања на правата на Албанците. Но ова тело не профункционира. Тогаш на состанок ми дојдоа Арбен Џафери од ДПА и Имер Имери од ПДП во штабот и ми рекоа – „г-дине Ахмети направи своја куќа“, мислејќи на моја партија. Тогаш, поранешните борци на ОНА потпишаа писмо со кое бараа формирање на нова партија и така се формира ДУИ. Значи, ми беше наметнато да формирам партија“, истакна Ахмети.