Неколку години по ред се прави црна кампања против ДУИ, но последните години се забележуваат сериозни активности за кампања против партијата. Ова во ексклузивно интервју за ТВ21 го изјави лидерот Али Ахмети.

„Се работи за добро смислена кампања против мене лично и против Демократската унија за интеграција. Дури можам да кажам дека се работи за нацистичка кампања затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата“, вели во интервјуто лидерот на ДУИ Али Ахмети кои ќе се емитува вечерва од 20 часот на ТВ21.

Ахмети во интервјуто открива за состаноци кои пред три години ги побарале одредени министри во Владата но и поранешни од времето на осамостојувањето.

„Јас не зборувам на празно. Зборувам со факти. Ќе ви кажам една вистина, пред три години, состанок со мене побараа поранешниот министер за финансии, министер за финансии веднаш после независноста и претседател на тогашната комисија за приватизација. Ми вели, дојдов да ти ја кажам вистината, затоа што треба да ја знаеш, јас сум бил министер за финансии, јас сум бил претседател на Советот за приватизација, јас сум работел по правило, војна во 2001 немаше да има. Тогаш во Владата работевме и правевме се што можеме како да ги отстраниме Албанците од процесот на приватизација и тоа успешно го направивме, не ги оставивме Албанците да се вклучат во приватизацијата, затоа се случи и војната. Е тоа ми го кажа поранешниот министер за финансии, кој сега има 90 години и сè уште е жив“, додава Ахмети во интервјуто за ТВ21.