Своето избирачко право, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска го ствари во кичевското село Зајас. Тој истакна дека гласањето се одвива многу добро и посочи оти овие избори се вистински тест за зрелоста на нашата земја.

– И на овие избори треба да потврдиме дека сме земја подготвена да стане членка на Европската  унија. Процесот на гласањето се одвива според планираното. Ние сме земја што е на врата да ги започне преговорите со ЕУ, а овој процес помага за пoтврдување на нашите вредности како држава. Се надевам дека секоја партија на крај ќе ги прифати остварените резултати од овие избори. Потоа сите да се фатиме за работа, рече Ахмети.