Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека до моментов кај него не е пријавен ниту еден случај на корупција во кој е вмешан член или функционер на партијата.
„Кај мене не е пријавен ниту еден случај. Јас побарав во Специјалното обвинителство, верувајте, ова е од срце, побарав во Општото обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво, почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене“, вели Ахмети.
„Ова го очекувам од медиумите, ова го очекувам од медиумите, не барајте одговор…“, додава Ахмети.