Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро го спореди пристапот на тренинзи во каталонскиот клуб со Манчестер Сити, за кој играше од 2011 до 2021 година.

„Пристигнавме во Сити час и половина пред тренингот, но сите доаѓаат тука триесет минути порано. Се обидов да дојдам барем еден час порано да вежбам во теретана, но немаше никој таму. Се беше затворено“ , рече Агуеро за време на преносот на Твитер.

Аргентинскиот репрезентативец дојде на „Камп Ноу“ во јули како слободен играч на Манчестер Сити, но го пропушти почетокот на сезоната поради повреда.

Барселона освои седум бода во првите три кола и во шпанското првенство е на првото место со Реал Мадрид, Севиља, Валенсија, Атлетико Мадрид и Мајорка.