Манчестер Сити лесно стигна до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Два натпревари против Борусија Менхенгладбах на неутрален терен донесоа лесни победи (2:0), а по синоќешниот натпревар Серхио Агуеро беше незадоволен.
Легендарниот напаѓач ги одигра последните 15 минути и се пожали дека соиграчите не му ја додавале топката.
„Тие не ми ја додаваат топката“, му кажа Агуеро на еден од вработените.
Агуеро двапати беше „отворен“, но неговите соиграчи решија да бараат други опции и на крајот натпреварот заврши 2-0.
Аргентинскиот напаѓач се повеќе се поврзува со напуштање на Сити по една деценија и скоро е сигурно дека тоа ќе се случи.