Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро поседува „Ламборгини Авентадор“, a играчот воопшто не е импресиониран од истиот и не го вози често, па дури и се прашува зошто го купил.

32-годишниот Аргентинец беше гостин во ТВ-емисијата „Санто Сабато“ и во еден момент го спомна скапиот автомобил кој очигледно ништо не му значи.

– Не знам зошто воопшто купив Ламборгини, имам поминато околу 1.200 км за шест години. Ретко го користев, размислував две години зошто го купив тој автомобил. Сега само кисне и собира пајажина – рече Агуеро.

Тој не откри колку платил за автомобилот, а „Авентадор“ обично чини околу 400.000 илјади евра.

На фудбалски план во последно време Агуеро се поврзува со трансфер во ПСЖ. Неговиот договор со „граѓаните“ истекува на 30 јуни годинава.