Хрватскиот репрезентативец Анте Кудуз кој од следната сезона ќе ги брани боите на РК Вардар 1961 се најде во тешка ситуација. Тој практично останал на улица, бидејќи станот во кој живеел под кирија се сместиле газдите и не му даваат да влезе. Тој се огласи преку медиумите и изјави дека три дена е на улица практично, ниту клубот ниту никој не сака да му излезе во пресрет.
– На улица сум веќе три дена, со спортска опрема и неколку работи што ги носев од последното патување со клубот. Се вративме пред три дена од Клуж, околу три и пол часот наутро дојдов пред станот, но чуварите во комплексот каде што живеам рекоа дека не може да влезам во него, дека газдите влегле во станот, ја смениле бравата и си заминале. Ги молев да влезам во станот, барем да земам тоа што е мое, тие ми рекоа дека не можам.
Замислете како човек се чувствува во тој момент. Се јавив во клубот, тие ми рекоа дека ќе реагираат следната недела, а јас со себе немам ништо за живот, бидејќи сè друго е заклучено во мојот стан. Им реков дека нема смисла, дека ќе излезам со тоа, па тие рекоа дека ќе реагираат побрзо, вели Кудуз.
Целиот текст ТУКА.