Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва испиша нова успешна приказна со пласманот на Европското првенство кое ќе се игра годинава.
Одбојкарите ја совладаа Турција со 3:1 и по втор пат едноподруго ќе бидат дел од континенталниот собир. Еден од најзабележителните одбојкари во тимот на селекторот Никола Матијашевиќ е Александар Љафтов кој најави нови изненадувања на Европското првенство.
– Ние сме десет години заедно, вечерва затворивме многу усти и покажавме кои сме и што сме. Сите во репрезентацијата сме како едно семејство, никој не се скарал со никого, не краси тимска игра, сплотеност. Можеби немаме ѕвезди но одиме на второт Европско првенство по ред. Не може да кажеме дека ќе играме на ЕП за медал. Но, ветуваме борба – рече Љафтов.
Николов: Најубавите празници ги поминавме без семејствата, ама жртвата се исплатеше