Африканската унија денеска соопшти дека преку својот систем за набавки од Русија обезбедила 300 милиони дози од вакцината „спутник V“ против корона вирус и дека им понудила на државите членки исто така да се вклучат во пакетот финансирање за оние кои сакаат да ги обезбедат овие вакцини.
Се наведува дека вакцината „спутник V“ ќе се испорачува од мај 2021 година во наредните 12 месеци.
Се додава дека државите членки досега ги презеле сите 270 милиони дози претходно обезбедени од „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Џонсон и Џонсон“ во првата фаза од распределбата, наведува АП.
Африканската унија е меѓународна организација во која членуваат 55 африкански држави меѓу кои и Египет, Чад, Маврициус, Гвинеја, Етиопија, Либерија, Камерун, Мали, Зимбабве, Сенегал и други.