Американската компанија Џонсон и Џонсон во третиот квартал од оваа година ќе започне со испорака на 220 милиони дози од вакцината за единечна доза против Ковид-19 за 55 земји од Африканската унија. Компанијата потпиша договор со Африканскиот труст за набавка на вакцини (АВАТ).
АВАТ може да нарача и дополнителни 180 милиони дози до 2022 година.
Договорот се случи по повеќемесечни преговори со Африканската унија, а во јануари беше објавен привремен договор за купување на 270 милиони дози вакцини од три производители на лекови: Џонсон и Џонсон, АстраЗенека и Фајзер/БиоНТек. Статусот на разговорите со другите две компании не е познат.
АВАТ денеска соопшти дека многу земји од 55-те членки на Африканската унија и дале голема предност на вакцината на Џонсон и Џонсон.
Снабдувањето со вакцини ќе му помогне на континентот да ја постигне целта за имунизација на најмалку 750 милиони луѓе или 60 отсто од населението, бидејќи се прават обиди за спречување на ширењето на вирусот од кој починаа 121.000 луѓе и се заразија 4,18 милиони лица во регионот. (МИА)