Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека не може да знае со сигурност дали и кога ќе биде одложен пописот. Предлогот за одложување Владата го доставила до законодавниот дом, но сепак тој бил вратен на доработка.
Сега, како што вели Џафери има процедура. Прво треба да се известат сите пратеници за предлог законот, па да се закаже седница, на која ќе се гласа потребата од итна постапка, па потоа да оди во Комисија за европски прашања, па дури тогаш повторно да се најде на дневен ред за отворање на дебата и гласање по тој предлог закон. Поради тоа, како што вели Џафери, не може да каже дали за еден, два или повеќе часови ќе заврши процедурата.
-Самите договарачи кажаа дека можеби е грешка што не сум бил и јас присутен на тие разговори. Последиците на тајмингот не е одговорност на Собранието. Затоа што кажав и на почетокот, секоја одлука, неспорна каква и да е, и сум кажал дека е погрешна одлука на тој начин на преговори, следствено треба да се следи со процедурите на Собранието. Не можеме да работиме по партиски договори“, рече Џафери кој рече како оди процедурата:
„Законот ќе дојде денеска тука, и ќе се изгласа од потребата од скратена постапка, и оди на Комисија. Јас не можам да излезам однапред и да кажам дека Комисијата ќе се одржи за еден час, и дека ќе добијам извештај и во тек на денот ќе продолжам со седницата. Според предлогот со европско знаме, оди на комисија за европски прашања, со оглед дека и основниот закон е така донесен.“, изјави претседателот на Собранието.
Како што е познато, теренското попишување во државата требаше да започне од 1-ви април, односно утре, но Заев и Мицкоски се договорија за одложување на процесот во септември. Сепак, се поставува прашањето, дали утре ДЗС ќе ги испрати попишувачите на терен, ако овој закон денеска не помине во Собранието.