За да се одложи пописот потребна е политичка одлука, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери во видео интервју за МИА, што ќе биде објавено деновиве. Сепак, тој прашува на што би се засновал тој предлог за одлагање на пописот и дали има некаква проценка дека во јуни или во јули ќе заврши пандемијата со Ковид-19 или состојбата ќе биде поинаква.
-Собранието донело Закон за одржување попис. Пропишало рокови за сите и во овој момент сметам дека беспредметно е да се излегува со размислувања вакви или онакви. Ако сметаат дека треба да се одлага, тогаш треба политичка одлука за тоа. Таа политичка одлука треба да се преиначи во законско решение. И за колку време би се одлагало тој попис? Според она што го слушам да се одлага за јуни или јули. На што се заснова тој предлог? Во контекст на Ковид, што би значело тоа. Има некој информација дека во јуни, јули ќе заврши пандемијата па ќе можеме да го спроведеме или пак ќе дојдеме во празнина законска и тогаш уште да влеземе во правен хаос. Што ако не се одржи во јуни или јули ако предусловите се и тогаш како што впрочем и беа за изборите 2020 година оти проценивме јуни-јули ќе биде ситуацијата поинаква. Да, беше поинаква само во негативна конотација, изјави Џафери: