ДУИ денеска се ребрендираше, во зелена партија, односно како главна програма им е зелената агенда. Велат, правата на Албанците се исполнети, ветувањата на ДУИ реализирани, а сега ќе се борат за животната средина.

Аријанит Џафери од невладината „Еко Герила“, која е една од најгласните во борбата за чист воздух, чиста животна средина во вклучувањето во живо во вестите на Телма ТВ порача дека попрво Папата ќе стане муслиман, отколку ДУИ вистински да биде зелена партија.