Првиот човек на законодавниот дом, претседателот Талат Џафери во емисијата „10 минути“ на ТВ21 рече дека секој пратеник кој одлучил да биде присутен на седница, легитимно, уставно и деловнички е да го користи своето право и обврска и да учествува во работата на Собранието.
„Дојдовме во ситуација да нè условуваат. Јас од мојата прва изјава на 27-ми април 2017 година, кога бев избран за претседател на Собранието, изјавив дека ќе бидам претседател на сите пратеници кои се во Собранието и на сите граѓани на РСМ и дека нема да дозволам Собранието да биде условувано и опструирано“, изјави Талат Џафери – претседател на Собранието на РСМ.
Џафери додава дека иако имало обид за работата на Собранието делумно да се одвива онлајн, но опозицијата едногласно се спротиставила на таквата идеја.