Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека иако во текот на целиот ден настојувал за усогласување на ставовите на сите политички партии, сепак не бил постигнат договор.
„За одржување на двете седници на кои би се изгласале Предлог Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, 2021 година и предлог Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, чиј што рок нагласувам дека истакува вечерва во 24.00, не се постигна договор“, велат од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.