Претседателот на Собранието на РС Македонија Талат Џафери смета дека со лидерска средба на иницијатива на премиерот Зоран Заев нема да се надминат сите прашања поврзани со блокадите во Собранието и измените на Изборниот законик.
„Не сметам дека решението е во лидерска средба. Бидејќи собранието е институција која треба да функционира надвор од други влијанија“, рече Талат Џафери во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма.
Првиот човек на Собранието е дециден дека владата ја има поддршката на парлементарното мнозинство.