-Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира, изјави за Слободен печат“ Муса Џафери. Тој е дел од т.н „Огнена група“ која отворено изрази незадоволство од состојбите во партијата, односно испратија критики пред се на адреса на Артан Груби.
Во оваа група, освен Муса Џафери се уште и Изет Меџити, Блерим Беџети, Висар Ганиу и уште неколку истакнати сегашни и поранешни партиски функционери.
Во текот на денот, Артан Груби одговарајќи на новинарски прашања изјави дека нема никаков раскол или војна во ДУИ, а тоа го покажала вчерашната, како што вели тој, со Али Ахмети на оваа група. Груби воедно додаде дека ДУИ може без секого, па и без него.